• четврток, 16 април 2026

Во Битола конституиран Совет за женско претприемништво

Во Битола конституиран Совет за женско претприемништво

Битола, 15 април 2026 (МИА) - Во Битола е конституиран Совет за женско претприемништво со кој ќе претседава Моника Марковска, д-р по менаџмент, а за нејзина заменичка избрана е Павлина Василевска, дипломиран економист.

Членките на Советот за женско претприемништво ги поздравија градоначалникот Тони Коњановски и претседателот на Советот на Општина Битола Бојан Бојкоски.

- Со вашите активности, сите ваши собири, она што може да се види и да се научи сте добар поттик помладите од вас да започнат свој бизнис, да се охрабрат, да останат во овој град, што за сите нас е секако најголемиот мотив, истакна градоначалникот Коњановски. 

Советот за женско претприемништво утврди програма за работа во 2026 година.мт/вј/

Фото: Општина Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан