• петок, 22 ноември 2024

Во Берово одржани првите Малешевски фолклорни средби

Во Берово одржани првите Малешевски фолклорни средби
Берово, 23 август 2021 (МИА) - Во Берово одржани првите Малешевски фолклорни средби како дел од одбележувањето на Денот на ослободувањето на Берово - 23 Август. Настанот е во организација на Домот на култура „Димитар Беровски“ чиј директор Ѕвонко Скендерски изрази задоволство од настапите на учесниците како од Берово, така и од околните градови и соседни држави. -Со овој настан на сите граѓани им ја честитаме 78 годишнината од ослободувањето на Берово, кои се надевам дека уживаа во вечерашниот концерт. Вечерва свој настап имаа Оркестарот на народни инструменти, Староградскиот оркестар како и Културно-уметничкото друштво при Домот на култура од Берово. Наши гости се Пејачката група „Ѓурѓа“ од Делчево и Етно група „Брус“ од Република Србија, истакна Скендерски. За членовите на пејачката група „Ѓурѓа“ ова е  прв настап во Берово како дел од одбележувањето на празникот на градот. -Сме настапувале на повеќе места во околните градови, но за прв пат сме како гости во Берово. Се надеваме дека соработката со Домот на култура ќе продолжи и во рамки на други манифестации во нивна организација, истакнаа гостите од групата „Ѓурѓа“. Организаторите додадоа дека манифестацијата Малешевски фолклорни средби се организираат со почитување на мерките за заштита од Ковид-19 и изразија надеж дека во иднина настанот ќе биде збогатен со учество на повеќе учесници од земјава и странство. вс/аа/    

Остани поврзан