• понеделник, 23 декември 2024

Во Берово одржана последната форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети"

Во Берово одржана последната форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети
Берово, 10 јули 2021 (МИА) - Во Берово оддржана последната форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети". Со средства обезбедени преку овој проект, реализирани се активности за подобрување на условите во Детската градинка „23 Август“ преку изградба на четири нови занимални за децата од предшколска возраст. -Овој проект беше избран како приоритет на партиципативен начин, преку одржаните четири форумски сесии, при што граѓаните со мнозинство гласови, донесоа одлука да се изврши доградба на занимални во градинката. Со тоа децата во Берово, добија ново катче каде ќе можат да уживаат, да учат и да се едуцираат, по сите модерни и современи стандарди, истакнаа од Општината. Реазлиацијата на ваквите проекти, како што додаде градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски е од особено значење за партиципативното учество на граѓаните во донесувањето на одлуките на локално ниво. -Преку овој проект, Општина Берово, уште еднаш докажа дека се грижи за сите свои граѓани, почнувајќи уште од најмала возраст и дека ги следиме принципите на подобрување на транспарентноста. Приликата ја користам да изразам благодарност до сите кои учествуваа во форумскиот процес и кои дадоа свој придонес, овој проект да биде реализиран, посебно до Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, што овозможуваат реализација на вакви проекти, рече Пекевски. Вкупната вредност на проектот за доградба на четири нови занимални е 4,4 милиони денари, од кои 2,6 милиони денари се обезбедени преку проектот за зајакнување на општинските совети од Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, а останатите 1,6 милиони денари се обезбедени од општинскиот буџет за 2021 година. Преку овој проект претходно како што додадоа од Општината, се работело на зајакнување на транспарентноста, отчетноста и граѓанското учество, во Берово, а во иднина согласно проектот предвидено е вмрежување на советниците и канализирање на гласот на советниците преку студиски патувања, меѓународни конференции и тематски групи. вс/аа/

Остани поврзан