• понеделник, 20 мај 2024

Во Берово во тек акција за разубавување на централното градско подрачје

Во Берово во тек акција за разубавување на централното градско подрачје
Берово, 8 август 2022 (МИА) - Во Берово во тек акција за разубавување на централното градско подрачје. Акцијата ја реализираат екипи на Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга", од каде информираа дека со активноста се опфатени поголем дел од зелените површини во градот. -Вработените од секторот Паркови и зеленило и јавна чистота вршат редовно чистење и одржување на улиците и косење на зелените површини во градот. Така беше и денеска, а акцијата ќе продолжи и во текот на периодот до одбележувањето на Денот на градот, истакнаа од ЈПКР „Услуга". Претходно како што додадоа извршена е акција за обнова на урбаната опрема покрај Кејот на река Брегалница. -Освен тоа вработените во претпријатието извршија фарбање на мостовите во градот и селските населби. Исто така, извршивме и чистење на коритото на река Брегалница од коров, пластика и друг вид на отпад, додадоа од претпријатието. Ваквата активност како што дополнија ќе се реализира и во наредниот период.вс/свс/

Остани поврзан