• четврток, 19 декември 2024

Во Белорусија уапсени 280 демонстранти

Во Белорусија уапсени 280 демонстранти
Минск, 19 октомври 2020 (МИА) - Белоруската полиција вчера уапси 280 демонстранти, од кои 215 во Минск, соопшти денеска Министерството за полиција. Десетици илјади луѓе излегоа на улиците во Минск во неделата и побараа оставка од претседателот Александар Лукашенко, кој победи на изборите на 9 август со 80 проценти од гласовите, за кои опозицијата смета дека се украдени. Неодамна, белоруската полиција доби одобрение за употреба на боева муниција доколку протестите станат насилни. паг/  

Остани поврзан