• петок, 22 ноември 2024

Во Белград одржан состанок за сукцесија на архивскиот материјал од поранешна СФРЈ

Во Белград одржан состанок за сукцесија на архивскиот материјал од поранешна СФРЈ
Белград, 5 октомври 2022 (МИА) - Во Белград во Архивот на Југославија е одржан состанок на директорите на Државните архиви на земјите од поранешна СФРЈ за сукцесија на архивски материјал на СФРЈ што се реализира во рамки на Анексот Д од Спогодбата за сукцесија која ги регулира прашањата за сукцесија на историските документи на заедничката држава, јави дописникот на МИА од Белград. На состанокот претставниците на Државните архиви од Словенија, Хрватска, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и на Архивот на Југославија се согласија околу динамиката на преземањето на историските документи настанати од 1945 до 1992 година и на нивна дигитализација, изјави по состанокот директорот на Државниот архив на Р.Северна Македонија, д-р Емил Крстевски. -За нас останува отворен Архивот на Југославија и од наша страна е нагласено дека постои интерес за преземање и на оригинални документи кои се значајни за Македонија во тој временски период - изјави Крстески, по средбата во Белград. Како еден од заклучоците на состанокот, кој се одржува по 11 години, е овие средби да бидат почести и процесот на сукцесија на историските документи да се интензивира и да се забрза процесот на нивна дигитализација. Договрено е и следниот состанок за сукцесија на архивските документи од СФРЈ да биде одржан во Охрид идната година кон крајот на март. Република Северна Македонија е потписничка на Спогодбата за сукцесија и е еден од сукцесорите на поранешната заедничка држава СФР Југославија. об/нд/

Остани поврзан