• сабота, 16 ноември 2024

Во Албанија 1.215  новозаразени со Ковид-19 

Во Албанија 1.215  новозаразени со Ковид-19 

Тирана, 12 јули 2022 (МИА) - Во Албанија продолжува трендот на раст на нови случаи со Ковид-19, каде во последното деноноќие вирусот е потврден кај 46,3 отсто од тестираните,   што е највисока инциденца во последните неколку месеци, јави дописничката на МИА од Тирана.

„Од направените 2.623 тестови позитивен резултат е добиен кај 1.215 што е 46,3  отсто од тестираните. Во списокот на оздравени се внесени 646, а починаа две лица на 45. и 84-годишна возраст“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство и социјална заштита.

Моментно активни на болеста се 6.226, а на болнички третман се 27 пациенти.

Зголемување на заразата е присутно од почетокот на месецов, кога во просек дневно има по околу 800 новозаразени.

Како што потврдија од Националниот комитет на експерти за справување со пандемијата, во земјата циркулира варијантата БА5. вт/паг/

Остани поврзан