Во Албанија за пет години ветингот „отстрани“ 347 судии и обвинители
- -Најпроблематични беа судиите, за кои беше утврдено дека имаат проблеми главно поврзани со имотот, за што и беа разрешени во 138 случаи. Истото се однесува и за оние кои сами поднеле оставка, додава истиот извор.
Тирана, 21 ноември 2023 (МИА) - Во изминатите пет години, од кога почна процесот на испитување на потекло на имот, познат како ветинг, од правосудниот систем во Албанија, заминале 347 судии и обивнители.
-Независната комисија за оценка (КПК), разрешила 240, додека 107 поднеле оставки пред, на почетокот или за време на контролата на нивното богатство и професионалност. Од друга страна 308 го поминале ветингот, објави весникот „Тема“.
Според законот и доколку сами поднеле оставка не можат да бидат именувани за судија или обвинител, член на Високиот судски совет или на обвинителството, висок инспектор за правда или генерален обвинител во период од 15 години.
-Најпроблематични беа судиите, за кои беше утврдено дека имаат проблеми главно поврзани со имотот, за што и беа разрешени во 138 случаи. Истото се однесува и за оние кои сами поднеле оставка, додава истиот извор.
Во овој петгодишен период КПК суспендирала двајца судии и ги испрати уште еднаш во Академијата за судии и обвинители откако биле констатирани професионални недостатоци. Во меѓувреме, во 47 други случаи, поради пензионирање, КПК ја затворила проверката без конечна одлука.
Во моментов, комисијата во свои раце ги има досиејата на последните 95 судии и повикувајќи се на годишниот просек на одлуките донесени во овие години од Комисијата кои се 100, нивната проверка може да се затвори во рок од една година. вт/сд/