• понеделник, 23 декември 2024

Во административната зграда на Општина Битола поставена лифт платформа за лица со попреченост

Во административната зграда на Општина Битола поставена лифт платформа за лица со попреченост
Битола, 28 јанури 2021 (МИА) - Општина Битола во административна зграда постави лифт-платформа за инвалидски колички и пристапна патека приспособена за лицата со физичка попреченост. Инсталацијата е со најнови светски стандарди со Општина Битола овозможи достапност на услугите на лицата со попреченост, но и услови професионално да работаат во општинската администрација. -Платформата и адаптациите во општинската зграда се од огромна корист не само за мене, туку и за сите лица кои во иднина ќе ги користат. Иако нивната главна намена е овозможување на физичка пристапност на лицата со физичка попреченост, сега секој еден од нас може да дојде, да ги заврши своите потреби. Ова е момент кога можеме да го видиме производот од континуираните напори на општината, пред се на градоначалничката, за уривање на бариерите, создавање на едно општество еднакво за сите. Општество каде што секој ќе биде прифатен и почитуван и има можност да работи, да придонесува и да биде најдобра верзија од себеси, истакна Симона Јовеска, лице со физичка попреченост, вработена во Општина Битола на проекти за социјални услуги за ранливи групи. Градоначалничката Наташа Петровска истакна дека за реализација на проектот општината издвоила 1,5 милиони денари со што, како што рече, е овозможена подобра мобилност за лицата со потешкотии во движењето. -Со вложените средства општината обезбеди лифт за влез во зградата и изврши целосна санација и адаптација на тоалет наменет за лицата со потешкотии во мобилноста. Во годината која што помина, оспособивме 17 локации со спуштање на тротоарите по должината на улицата „Партизанска“, со што во рамките на нашата општина овозможивме полесна мобилност на граѓаните. За прв пат годинава општината преку програмата за социјална заштита обезбеди еден милион денари за поддршка на лицата со потешкотии во движењето, за адаптирање на пристапот до нивните домови. Општина Битола може да послужи како пример за тоа како треба да се однесуваат институциите и на локално и на централно ниво, нагласи Петровска. На промотивниот настан присуствуваа и претставници на здружението за грижа за лицата со телесен инвалидетет „Мобилност“-Битола. мт/сст/

Остани поврзан