• понеделник, 23 декември 2024

Во Австрија крахира системот за ПЦР-тестирање

Во Австрија крахира системот за ПЦР-тестирање
Виена, 16 ноември 2021 (МИА) - Поради големиот прилив во поединечни австриски покраини крахира системот за ПЦР-тестирање, односно долго време се чека на резултатите. - Може долго да се чека долго бидејќи лабораториите во некои општини и региони се преоптоварени, соопшти австриската Комора на аптекарите. Најпогодена е покраината Салцбург, каде што аптеките привремено го суспендираа ПЦР-тестирањето. Исто така долго се чека на резултатите во покраините Форарлберг и Тирол. Најмногу се погодени невакцинираните лица, на кои тестовите им се потребни за на работа. Во Австрија се применува 3Г-правилото, односно граѓаните за да одат на работа треба да имаат сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид-19 или негативен тест. ми/

Остани поврзан