• петок, 22 ноември 2024

Во Авганистан се урна авион со шест лица што летал од Индија за Москва

Во Авганистан се урна авион со шест лица што летал од Индија за Москва

Кабул, 21 јануари 2024 (МИА) - На северот на Авганистан синоќа се урна руски цивилен авион „Фалкон 10“, а според првичните информации, во леталото имало четворица членови на екипажот и двајца патници , пренесуваат руските медиуми.

Британските медиуми пренесуваат дека авганистанската полиција добила информации за пад на авион во провинцијата Бадакшан, во непристапна планинска област. Таа засега нема потврда за типот на авионот, причината за несреќата или жртвите, меѓутоа руската контрола на летање објави дека се работи за авион „Дасо Фалкон 10“, што летал од Индија за Москва.

Авионот престанал да комуницира синоќа додека бил во авганистанскиот воздушен простор, во близина на границата со Таџикистан, и исчезнал од радарските екрани, објави денеска руската Федерална агенција за воздушен транспорт, на својот канал Телеграм.

„Според првите податоци, во авионот имало шест лица - четворица членови на екипажот и двајца патници“, се наведува во соопштението.

Потрагата по леталото е во тек, а Росавијација е во контакт со воздухопловните власти на Авганистан и Таџикистан.сд/

фото:Википедија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан