• понеделник, 23 декември 2024

Во Авганистан револт по убиството на три новинарки

Во Авганистан револт по убиството на три новинарки
Кабул, 3 март 2021 (МИА) - Во Џалалабад денеска се погребани трите новинарки кои работеа за телевизијата Еникас, а беа убиени во два напада додека го напуштале работното место. Одговорноста за нападите ја презеде огранок на Исламска држава. Групата соопшти дека нападите ги презеле бидејќи „новинарките работеле за телевизија лојална на отпадничката авганистанска Влада“. Пријателите, колегите и членовите на семејствата за убиените новинарки упатија апел да престане насилството, што е во пораст откако минатата година почнаа мировните преговори помеѓу авганистанската Влада и талибанците. Тие тврдат дека бунтовниците ги напаѓаат новинарите, активистите и судиите, кои ги сметаат за нивни противници.

Во декември во Џалалабад беше убиена уште една новинарка од телевизијата Еникас.

Авганистан е една од најопасните земји во светот за новинарите. Најмалку девет новинари се убиени од почетокот на мировните преговори, што почнаа во септември минатата година. ми/

Остани поврзан