• недела, 22 декември 2024

Во Авганистан отпуштени 280 полицајци затоа што немале брада

Во Авганистан отпуштени 280 полицајци затоа што немале брада

Кабул, 21 август 2024 (МИА) - Авганистанското Министерство за морал отпушти повеќе од 280 припадници на безбедносните сили поради тоа што не пуштиле брада во изминатата година и приведе повеќе од 13.000 луѓе за „неморални дејствија“, соопштија официјални лица.

Министерството за спречување на пороци и ширење доблести во својот годишен оперативен извештај наведува дека околу половина од приведените се ослободени по 24 часа. Тие не прецизираа кои се наводните прекршоци или полот на уапсените, пренесоа британските медиуми.

Официјалните лица уништиле 21.328 музички инструменти во изминатата година и спречиле илјадници корисници на компјутери да продаваат „неморални и неетички“ филмови. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан