• понеделник, 23 декември 2024

Војската на Габон најави повторно отворање на границите

Војската на Габон најави повторно отворање на границите

Либервил, 2 септември 2023 (МИА) - Пучистите во Габон, кои извршија воен удар во средата и го соборија претседателот Али Бонго, денеска најавија повторно отворање на границите, изјави полковник Улрих Манфумби Манфумби, портпарол на Комитетот за транзиција и реконструкција на институциите (КПВИ), официјалното име на воената хунта, цитирано од француските медиуми.

-Загрижени да го одржиме почитувањето на владеењето на правото, добрите односи со нашите соседи и сите земји во светот и да промовираме континуитет на владеење додека ја покажуваме нашата цврста волја да ги почитуваме нашите меѓународни обврски, КПВИ одлучи веднаш да стапи во сила повторно отворање на копнените, морските и воздушните граници, рече портпаролот.

Границите беа затворени по пучот со кој беше сменет Али Бонго, кој владееше со земјата 14 години.

-И покрај тоа што властите не го укинаа полицискиот час, кој останува на сила на целата територија од 18 до 6 часот, „на патниците кои пристигнуваат или сакаат да ја напуштат Република Габон ќе им биде дозволено да се движат со презентирање на патниот документ, додаде Манфумби Манфумби.

Генералот Брис Олиги Нгема, кој во понеделник треба да положи заклетва како „преоден претседател“, вчера вети „подемократски“ институции кои ги почитуваат „човековите права“, но без „брзање“. До ова дојде по забрзаните средби во последните денови со страните, дипломатскиот кор, меѓународните организации и институциите кои даваат финансиска помош.

Новиот лидер на Габон, исто така, рече дека има за цел да се справи со „корупцијата“ на поранешната влада на Бонго, чие семејство владее со малата, но богата со нафта централна африканска нација повеќе од 55 години. мс/

фото: Скриншот/Твитер

Остани поврзан