• понеделник, 23 декември 2024

Вооружени напаѓачи киднапираа автобус со 31 мигрант во северно Мексико

Вооружени напаѓачи киднапираа автобус со 31 мигрант во северно Мексико

Мексико Сити, 3 јануари 2024 (МИА) - Мексиканските безбедносни служби трагаат по 31 мигрант кои во саботата биле киднапирани од вооружени лица додека патувале со автобус до американската граница преку северната држава Тамаулипас, соопштија вчера властите.

Од канцеларијата за државна безбедност изјавија дека автобусот тргнал од индустрискиот град Монтереј, а неговата дестинација бил градот Матаморос, спроти Браунсвил, Тексас. Меѓутоа, на автопатот во општина Рејноса, тој бил пресретнат од криминалци во пет автомобили.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор вчера изјави дека се во потрага по мигрантите и се надева оти денеска ќе дадат повеќе информации.

Киднапирањето се случи и покрај тоа што мексиканските власти ги зајакнаа контролите долж автопатите во Тамаулипас ​​за време на божиќните и новогодишните празници, кога илјадници Мексиканци кои живеат во САД се враќаат да го посетат семејството во Мексико. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан