Вонредни превентивни мерки за борба со новиот коронавирус во три грчки региони
- На 48 часа се затвораат сите државни и приватни образовни институции и се откажуваат секаков вид масовни собири, како театри, кина, спортски и културни настани, посети на археолошки локалитет
Атина, 3 март 2020 (МИА) На 48 часа се затвораат сите државни и приватни образовни институции и се откажуваат секаков вид масовни собири, како театри, кина, спортски и културни настани, посети на археолошки локалитети и музеи во три грчки региони (Ахаиа, Закинтос и Илиас) за да се избегне локално пренесување на коронавирусот, соопшти професорот Сотирис Циодрас кој е претставник за Ковид-19 во Министерството за здравство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Одлуката е за 5 и 6 март 2020, а доаѓа по последниот, деветти, потврден случај на коронавирусот во Грција, кај лице жител на еден од конретните региони. ср/