• петок, 22 ноември 2024

Вонредна состојба во Северна Дакота поради ледена бура, 20 илјади луѓе без струја

Вонредна состојба во Северна Дакота поради ледена бура, 20 илјади луѓе без струја

Бизмарк, 29 декември 2023 (МИА) - Гувернерот на Северна Дакота, Даг Бургум денеска прогласи вонредна состојба на територијата на целата американска сојузна држава како одговор на ледената бура која остави повеќе од 20 илјади луѓе без струја.

Тој додаде дека планира да побара од американскиот претседател Џо Бајден да прогласи катастрофа, што ќе и даде на државата федерална помош за покривање на трошоците за поправка на стотици далноводи.

Во Северна Дакота, ледената бура затвори делови од меѓудржавната на почетокот на оваа недела, а полицијата во главниот град Бизмарк соопшти дека одговорила на повеќе од 175 несреќи само во вторникот.

Ледената бура е дел од големата зимска бура што го погоди централниот дел на САД претходно оваа недела, предизвикувајќи доцнење на летовите и снежни бури ден по Божиќ, 25 декември. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан