• сабота, 21 декември 2024

Вонредна седница на Советот на Град Скопје за зголемување на субвенциите за ЈСП

Вонредна седница на Советот на Град Скопје за зголемување на субвенциите за ЈСП

Скопје, 14 ноември 2023 (МИА) - Советот на Град Скопје денеска на вонредна седница треба да гласа за предлог одлука за изменување на буџетот за субвенции за Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје од 440 милиони денари на 550 милиони денари, односно зголемување на субвенциите во износ од 110 милиони денари.

По гласање на оправданиста за свикувањето на седницата, Советот даде два пати пауза поради отсуството на Градоначакничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и продолжи по нејзиното појавување на оваа вонредна седница.

Советниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, обвинија дека парите се трошат, како што се рекоа, непринципиелно, со оглед на ситуацијата со јавниот превоз, притоа обвинувајќи дека јавниот превоз се наоѓа во голем хаос токму поради тоа. Тие посочија дека секогаш гласале принципиелно во врска со сите точки, и рекоа дека ќе продолжат така, но исто така нагласија дека се опозиција во Градот Скопје.

Директорот на ЈСП, Крсте Петрески, информирајќи за ситуацијата во претпријатието рече дека во моментов се располага со 326 автобуси од кои секој ден од 250 до 280 се во функција.

Градоначалничката Арсовска од друга страна, истакна дека токму поради блокадите на советниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се случуваат сите препки и дека, како што кажа, токму поради нив, постигнати се само 250 проекти и покрај бројните опструкции од нивна страна, наместо можните 400 проекти. Таа ги повика нив, ако се опозиција, да дадат оставка сите членови по управните одбори во јавните претпријатија и во училиштата кои добиваат средства од градскиот буџет.

Расправата на седницата за предлог одлуката за изменување на одлуката за давање субвенции на ЈСП се уште трае. сх/аа/

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан