• понеделник, 25 ноември 2024

Волс: Разговараме со Њуи, сакаме тој да се врати во Вилијамс

Волс: Разговараме со Њуи, сакаме тој да се врати во Вилијамс

Гроув, 4 мај 2024 (МИА) - Првиот човек на тимот на Вилијамс во Формула 1 шампионатот, Џејмс Волс, за време на тркачкиот викенд во Мајами потврди дека тимот размислува да го ангажира „архитектот“ во заминување и еден од водечките луѓе на Ред Бул - главниот инженер на австрискиот тим, Адријан Њуи.

Њуи ќе се раздели со Ред Бул на почетокот на следната сезона - во март, а пред тоа нема да може да се приклучи на новиот тим.

Медиумите шпекулираат дека тој би можел повторно да се собере со Луис Хамилтон во Ферари, но Волс потврди дека се зборувало за враќање на Австралиецот во Вилијамс. Таму Њуи го помина поголемиот дел од последната деценија на 20 век, каде што беше еден од инженерите одговорни за доминацијата на тој тим.

-Го познавам Адријан долго време, разговаравме во петокот. Сигурен сум дека ќе го направиме тоа повторно наскоро. Тој е култна личност во Формула 1, без сомнение. Освои титули во сите тимови, изјави Волс и додаде: „Тоа не е случајно, тоа го одразува неговиот придонес и влијанието што го има врз овој спорт. Би било штета да не разговараме со Њуи за соработка. Не може да биде поедноставно од тоа“.

Њуи се приклучи на Вилијамс во 1991 година и е еден од креаторите на неверојатниот автомобил FW14B во кој Најџел Менсел го освои светскиот шампионат во 1992 година. Вилијамс ја освои титулата уште неколку пати со Њуи на чело, пред инженерот да се приклучи на Мекларен.

Тој е најуспешниот дизајнер на автомобили во модерната Формула 1 и е член на Ред Бул од неговото основање во 2006 година.

Њуи учествуваше во освојувањето на седум титули за возачи и шест кај конструкторите за Ред Бул. дс

Фото: Архива

Остани поврзан