• петок, 22 ноември 2024

Волонтери на НАСА завршија мисија со симулација на живот на Марс по повеќе од една година

Волонтери на НАСА завршија мисија со симулација на живот на Марс по повеќе од една година

Вашингтон, 7 јули 2024 (МИА) – Волонтери на НАСА кои поминаа повеќе од една година во бункер кој симулира услови на Марс, денеска ја завршија својата мисија.

По 378 дена во бункер печатен во 3Д, кој ги имитира условите на Марс, лоциран во Тексас, Кели Хејстон, Анка Селарио, Рос Броквел и Нејтан Џонс излегоа надвор.

Волонтерите беа дел од мисијата на НАСА за истражување на здравјето и перформансите на екипаж (ЦХАПЕА), која почна на 25 јуни минатата година, пренесува Скај Њуз. јт/

Фото: НАСА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан