• петок, 22 ноември 2024

Возило на Владата на Црна Гора ја проби блокадата на граѓаните, во автомобилот била ќерката на премиерот

Возило на Владата на Црна Гора ја проби блокадата на граѓаните, во автомобилот била ќерката на премиерот
Подгорица, 8 април 2021 (МИА) - На патот Подгорица-Никшиќ се случил инцидент кога група граѓани се обиделе да спречат премин на службено возило на Владата на Црна Гора. Собраните, во обид да спречат минување на возилото, се качиле на него, но тоа не запрело, туку продолжило и соборило неколку лица. Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ објави дека неговата ќерка се наоѓала во автомобилот. „Како татко, нема да ги заборавам нејзините солзи и страв. Како премиер, нема да ви дозволам дивјаштво и беззаконие. Во земјата ќе има ред и закон на кој не сте навикнати. Наскоро ќе го видите тоа", објави Кривокапиќ на својот профил на Твитер.  Полицијата не дозволува да поминат граѓаните, кои се упатиле кон Подгорица, без валидна документација. Членови на Патриотско-комитскиот сојуз се собраа пред зградата на Владата да протестираат против најавената владина одлука за промена на одлуката за државјанство и на Законот за престој. паг/      
 

Остани поврзан