• недела, 28 април 2024

Воздушна тревога во Киев, соборен најмалку еден дрон

Воздушна тревога во Киев, соборен најмалку еден дрон

Киев, 4 мај 2023 (МИА) - Во Киев и неговата околина вечерва е активирана воздушна тревога поради напад со дронови, од кои најмалку еден е соборен, соопштија официјални претставници.

Нападот почна нешто по 20 часот и траеше околу 20 минути кога е активирана противвоздушната одбрана.

Жителите пријавиле дека слушнале експлозии и пукотници во центарот на градот.

Армијата ги повика луѓето да останат смирени и да бараат засолниште.

Експлозиите престанаа по 15 до 20 минути.

Тогаш можеше да се види облак од црн чад додека воената управа на градот Киев соопшти дека предупредувањето за воздушен напад е завршено.

„Непријателскиот дрон беше соборен“, изјави шефот на кабинетот на претседателот, Андреј Јермак. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан