• четврток, 04 јули 2024

Воената хунта во Мјанмар ослободи над 2.000 политички затвореници

Воената хунта во Мјанмар ослободи над 2.000 политички затвореници
Непјидо, 1 јули 2021 (МИА) - Воената хунта во Мјанмар вкупно ослободи 2.296 затвореници, кои се спротивставуваа на воениот удар извршен на 1 февруари. Поголемиот број од уапсените бае обвинети за поттикнување на немири и неприфаќање на воената власт. Обвиненијата против ослободените лица се отфрлени. Тоа е второ ословодување откако во март беа ослободени 628 политички затвореници. Пет месеци по воениот удар, мјанмарската армија нема целосна контрола врз земјата, а во неколку региони продолжуваат протести. Во судирите помеѓу армијата и демонстрантите досега загинаа 883 луѓе. Армијата на Мјанмар на 1 февруари со воен удар ја презеде власта од легално избраната премиерка Аунг Сан Су Чи, тврдејќи дека изборите во ноември 2020 година биле фалсификувани. Аунг и другите претсатвници на соборената влада остануваат во затвор. ми/

Остани поврзан