• недела, 22 декември 2024

Воената влада во Нигер протерa членови на мисијата на ЕУ за закрепнување

Воената влада во Нигер протерa членови на мисијата на ЕУ за закрепнување

Брисел, 30 јануари 2024 (МИА) - Владејачката воена влада во Нигер протера неколку членови на европската мисија за цивилна реконструкција ЕУКАП Сахел Нигер (EUCAP Sahel Niger) од земјата.

Германската шефица на мисијата, Катја Доминик, исто така беше погодена, соопшти денеска владата во Нијамеј.

Групата пристигнала во главниот град Ниамеј пред неколку дена, а набргу потоа и било наредено да ја напушти земјата во рок од 72 часа, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Членовите на мисијата влегле во земјата „без претходно да ја информираат владата на Нигер“, тврди министерот за внатрешни работи, Мохамед Тумба.

-Одбивањето на влезот беше само еден од неколкуте „непријателски и неоправдани инциденти против ЕУ и нејзините земји-членки во последниве месеци, рече портпаролката на дипломатската служба на ЕУ.

Во декември, владејачката воена хунта во Нигер одлучи да ја откаже соработката со две мисии на ЕУ, имено ЕУКАП Сахел Нигер и мисијата за воено партнерство ЕУМПМ.

Мисиите на ЕУ беа дел од безбедносното партнерство насочено кон спречување на миграцијата во Европа и поддршка на борбата против тероризмот во Сахел, каде што исламистичките групи со години извршуваат напади врз цивили и заземаат територии во неколку земји, вклучително и Нигер.

Земјите-членки на ЕУ распоредија околу 130 безбедносни лица, кои исто така беа ангажирани во обука на офицери во Нигер.

До воениот удар во јули 2023 година, кога беше соборен демократски избраниот претседател Мохамед Базум, Нигер се сметаше за последниот демократски партнер на ЕУ и Соединетите Држави во регионот Сахел, кој се протега на запад од Сенегал до Судан на исток. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан