• понеделник, 23 декември 2024

Водостојот на Вардар зголемен кај Јегуновце, Скопје и Демир Капија

Водостојот на Вардар зголемен кај Јегуновце, Скопје и Демир Капија
Скопје, 23 август 2022 (МИА) - Нивото на реката Вардар кај Јегуновце, кај Железнички мост Скопје и кај Демир Капија е зголемено во однос на просекот за август, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи. Зголемувања на водостоите се измерени и на Брегалница кај Берово и кај Штип, на Бабуна кај Богомила  и на реката Струмица кај Сушево. Пониско ниво од просекот за август има на вливот на Лепенец, Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка и на Пчиња кај Пелинце. Мерењата на УХМР покажуваат дека водостојот на Дојранското Езеро, Преспанското и на Охридското Езеро е во рамки на просекот за месец август. дма/са/

Остани поврзан