• петок, 22 ноември 2024

Водачите на ЕКОВАС признаваат неуспех во воспоставувањето демократија во Западна Африка

Водачите на ЕКОВАС признаваат неуспех во воспоставувањето демократија во Западна Африка

Абуџа 10 декември 2023 (МИА) - На денешниот состанок на регионалниот блок на западноафриканските држави ЕКОВАС во нигериската престолнина Абуџа, лидерите на земјите-членки признаа дека нивните напори за запирање на бранот удари досега имале мал успех.

ЕКОВАС неуспешно се обиде да ја врати политичката стабилност низ Западна и Централна Африка, каде што се случија осум државни удари од 2020 година.

Регионалниот блок воведе санкции за новите власти, но наместо да ги одврати војниците кои ја презедоа власта во Нигер и на други места, се чини дека санкциите ги охрабрија, велат аналитичарите, пренесе Бета.

-Блокот ќе продолжи да се „спротивставува на неуставните промени на моќта“ и покрај неуспесите, рече нигерискиот претседател Бола Тинубу, кој беше избран за лидер на блокот оваа година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан