• понеделник, 23 декември 2024

Водата од водоводот Лукар безбедна, се укинува препораката за превривање пред употреба

Водата од водоводот Лукар безбедна, се укинува препораката за превривање пред употреба
Кавадарци, 13 април 2020 (МИА) - Водата од водоводот Лукар е безбедна. Се укинува препораката за превривање пред употреба, донесена пред неколку дена, кога водата се замати поради поројните дождови и топењето на снегот од повисоките места. Од Јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци, известуваат дека за ова биле информирани од Центарот за јавно здравје. -Согласно на известувањето, резултатите од анализите на последните земени мостри на вода за пиење од градскиот водовод, покажаа како физичко хемиска, така и бактериолошка исправност на водата. Водата е безбедна за пиење, нагласуваат од комуналното претпријатие. свд/ир

Остани поврзан