• петок, 22 ноември 2024

Водата во Дојранско Езеро 32 степени целзиусови

Водата во Дојранско Езеро 32 степени целзиусови

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Температурата на водата во Дојранското Езеро изнесува 32 степени целзиусови, на Преспанското 29, а на Охридското Езеро 26,5 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Синоптичарите најавуваат дека во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени, поради што до крајот на работнава недела ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.

Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и дневната температура ќе биде во постепено опаѓање, велат од УХМР. дма/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан