• недела, 22 декември 2024

Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење

Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење
Скопје, 23 август 2021 (МИА) –  Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење, покажува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти денеска ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. Како што информираат од претпријатието Секторот за санитарна контрола во периодот од 16.08.2021 до 20.08.2021 земал 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје.свс/лв/

Остани поврзан