ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со лажни вести сака да ја сокрие инволвираноста на Заев во РЕКЕТ
- Лажните вести во врска со оставките на техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ кои произлегуваат од кујната на СДСМ се резултат на очај и страв од огромен пораз.
Скопје, 18 февруари 2020
Лажните вести во врска со оставките на техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ кои произлегуваат од кујната на СДСМ се резултат на очај и страв од огромен пораз.
Тоа што Заев пушта лажни вести значи дека криминалците се плашат од Чулев и дека власта сака да ја сокрие вистината за РЕКЕТ.
Најпрвин блиски медиуми до кујната за лажни вести на СДСМ каде што уредник е еден поранешен новинар од рекетарската телевизија на СДСМ, објави лажна вест дека министерот Наќе Чулев ќе даде оставка, за веднаш потоа друг близок медиум до СДСМ да ја надгради истата вест дека сите технички министри ќе си дадат оставки.
Уште еднаш потенцираме дека се работи за лажна вест и апелираме до граѓаните дека очајот на СДСМ ќе продуцира уште многу вакви лажни вести во наредниот период.
Очигледно е дека во редовите на СДСМ владее натпревар кој медиум поголема лажна вест ќе објави, за да се обидат да дефокусираат од реалните скандали и проблеми кои се случуваат во Владата на СДСМ, како и за целата инволвираност на Заеви во случајот РЕКЕТ.
Ниту СДСМ, ниту криминалците кои се во коалиција со СДСМ нема да ја имаат таа среќа ниту Наќе Чулев, ниту било кој од техничките министри да си дадат оставка.
Заев и сите околу него ќе одговараат за целата инволвираност во случајот РЕКЕТ, каде јасно се гледа од судските докази дека Зоран и Вице Заеви се гледале со Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец.
Ниту една лажна вест нема да може да дефокусира од реалните скандали кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објавува од утре, па во наредниот период поврзани со работата на функционерите на СДСМ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.