• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-НП: Се обновува иницијативата за можност на откуп на затворската казна

ВМРО-НП: Се обновува иницијативата за можност на откуп на затворската казна

Скопје, 15 март 2023

ВМРО-Народна партија следејќи ја изјавата на директорот на „Управата за санкции“, Јовица Стојановиќ, во која пред македонската јавност кажа дека во затворите во Северна Македонија во моментот отслужуваат казна 2260 осуденици дури 160 затвореници повеќе отколку што има кревети, а да не заборавиме дека има затвореници кои допрва треба да ја отслужат својата казна притоа во македонските затвори затворениците спијат дури и по затворските ходници.

Со ваквата фактичка состојба се обновува иницијативата која се практикуваше до пред 15 год во Северна Македонија за можност на откуп на затворската казна по цена определена од државата до една година.

Со оваа мерка не само што Северна Македонија како држава ќе заштеди туку и многу повеќе ќе им помогне на осудениците во нивното општествено и социјално адаптирање.

Во таа насока сакаме да спомнеме и дека оваа мерка масовно се применува во Европа, а во Босна и Херцеговина пак се оди до степен да ваквата опција им е овозможена и на воените злосторници.

Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан