• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-НП: Владата да дозволи увоз и употреба на лични и брзи ПЦР тестови

ВМРО-НП: Владата да дозволи увоз и употреба на лични и брзи ПЦР тестови
15 март 2021  ВМРО-Народна партија по трет пат ја повикува Владата на Република Северна Македонија да дозволи увоз и употреба на лични и брзи ПЦР тестови. Ваквите тестови се продаваат во аптеките во скоро сите наши соседни земји, а како што разбравме, од неодамна во Германија таквите тестови можат да се купат и во маркетите. Овие тестови покрај тоа што се многу поевтини, даваат и брза информација на секоја личност за неговата состојба со што се овозможува директен прекин на ланецот на ширење на заразата. Со воведувањето на овие тестови македонскиот граѓанин може само да добие, а никако да изгуби. ВМРО-Народна партија _________________________________________________________________________________________   МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан