ВМРО-ДПМНЕ: Шукова да не манипулира и да не се грижи, идниот градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ ќе го реши проблемот со Вардариште
- Шукова во недостаток на идеи, план и визија за Скопје шири предизборни манипулации. Шукова која до вчера беше министерка за животна средина не успеа да најде решение за Вардариште за денес да глуми загриженост. Шукова ќе остане запаметена по скандалозниот предлог за увоз на отпад од цела Европа, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на кандидаткатата за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ Каја Шукова, што МИА ја пренесува интегрално.
Скопје, 3 септември 2025
Шукова во недостаток на идеи, план и визија за Скопје шири предизборни манипулации. Шукова која до вчера беше министерка за животна средина не успеа да најде решение за Вардариште за денес да глуми загриженост. Шукова ќе остане запаметена по скандалозниот предлог за увоз на отпад од цела Европа, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на кандидаткатата за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ Каја Шукова, што МИА ја пренесува интегрално.
Шукова да не се грижи, за Вардариште ќе има решение од идниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
И додека Шукова глуми спотер и кандидат во обид на СДС за Скопје би било подобро да размислува за обнова и консолидација на сопствените редови и партијата по силниот пораз што ќе го доживеат на локалните избори.
Народот не верува повеќе во нивните лаги и „европски стандарди’’ зад кои го осиромашија народот изминатите години, ја уназадија државата а институциите беа во колапс.
ВМРО-ДПМНЕ има план и визија за Скопје со иновативни и современи решенија во урбанизмот, транспортот и животната средина.
ВМРО-ДПМНЕ има план за систематско решавање на урбаниот хаос, трајни решенија за сообраќајниот метеж и модернизација на јавниот превоз, со цел Скопје конечно да добие функционален и одржлив систем.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ