• недела, 22 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Четириесет и еден починат, а Филипче тера Твитер кампања

ВМРО-ДПМНЕ: Четириесет и еден починат, а Филипче тера Твитер кампања
28 ноември 2020 Доколку Филипче сака да го брани квислингот Заев во внатрепартиски пресметки и да си тера твитер кампања тоа може слободно да продолжи да го прави, но треба да си поднесе оставка веднаш. Не може на секој саат да умираат по двајца од КОВИД 19, а никој за тоа да не презема одговорност. Нема оправдување затоа што Македонија е на врвот на починати од КОВИД 19 во Европа. Луѓе умираат затоа што системот не функционира, а за тоа е одговорен Филипче. Со денови се чека за тестирање, а потоа уште неколку дена за да се добијат резултати. Болниците се преполни, внатре е хаос и владее неорганизираност. Уште владее тагата за изгубениот живот на мајката на малата Михаела, која можеби ќе беше спасена, ако функционираше системот. Но системот не функционира и прашање е колку од овие 41 починати наши сограѓани ја имале истата судбина или можеби и полоша. Граѓаните не го заслужуваат ова. Филипче мора да сфати дека тој е единствен виновник за лошата ситуација и да си даде оставка веднаш. Ниту една лоша шега, ниту видео со папагал нема да го смени фактот дека треба да си замине. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан