• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да избегне одговорност

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да избегне одговорност
Скопје, 5 март 2021  реакција на ставови на Венко Филипче: Ситуацијата е под контрола, ама бројката на заболени од корона секој ден се зголемува. Ситуацијата е под контрола, ама ќе ја ставиме во функција Модуларната болница. За каква контрола говори Филипче на своите гостување по телевизии додека секој ден умираат граѓани од корона, а нема ни една вакцина. Или на контото ја има само вакцината донирана од Србија. Руската вакцина која ја најавува за до крај на неделава или за во недела некако е несигурен. Уште поважно, зошто истата таа вакцина ја одби во декември? Дали доколку ја прифатеше понудата и почнеше да преговара на време, оние кои се пријавиле за вакцинирање или дел од нив ќе беа вакцинирани? Истите колчичини кои ги најавуваше за јануари, за февруари, сега ги најавува за месецов, за март, но датум за ниту една вакцина нема, освен извесност за 3000 дози од руската кои треба да стигнат сега во недела. Додека се грижи Филипче за личните и партиските интереси, луѓе умираат, бројката на заболени се зголемува. Одговорност не може да избегне. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

Остани поврзан