ВМРО-ДПМНЕ: Стимулирање на науката ќе не придвижи до првите 1000 на Шангајската листа на универзитети
- Владата презема чекори во делот на образованието и науката. За оваа година, Буџетот за науката беше зголемен двојно, односно 680 милиони денари, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 5 август 2025 (МИА) - Владата презема чекори во делот на образованието и науката. За оваа година, Буџетот за науката беше зголемен двојно, односно 680 милиони денари, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Се обезбеди бесплатен пристап за студентите и научниците на две научни бази на научни списанија. Тоа се списанијата „Web of science“ и „Scopus“.
Владата финансиски ќе ги поддржи сите оние кои сакаат да творат и публикуваат научни трудови, бидејќи целта е со овие стимулирања на науката е да се придвижиме до првите 1000 на Шангајската листа на универзитети.
Покрај овој влог во високото образование и науката, универзитетските професори добија и зголемување на своите плати за 14%, а секако ова зголемување ќе продолжи и во континуитет следните 3 години од мандатот.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги гради темелите на промените во науката!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ