• понеделник, 30 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ја зголемиле цената на автопатот Кичево – Охрид за 200 милиони евра без образложение

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ја зголемиле цената на автопатот Кичево – Охрид за 200 милиони евра без образложение

Скопје, 9 октомври 2024

За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС.

Руинирани институции кои тонат поради корупција и криминал е состојбата која ја остави владата на СДС и ДУИ.

Дека единствен приоритет на претходната владата на СДС и ДУИ и бил сомнителни тендери, се гледа и од тендерот за автопатот Кичево-Охрид.  

Фактите говорат дека на ДУИ и СДС приоритет им било местење на тендери, а не капитални инвестиции и изградба на инфраструктура.

Ова го потврдува Извештајот на Државниот завод за ревизија. Автопатот Кичево-Охрид, иако проектиран колку ќе чини, наеднаш  станал поскап за 200 милиони евра и тоа без никакви детали.

Или кога станува збор местење тендери, ова е случај во најголем број од нив. 

Одлика на тендерите на Владата на СДС и ДУИ е одложена изведба и зголемени трошоци, со што се оптеретувал државниот буџет.

Оваа Македонија ќе ја смениме!

Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан