ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нека направи дистинкција од МВР и ЈО, ако во нивно време тоа беше едно, сега се различни институции
- СДС нека направи дистинкција од МВР и ЈО, ако во нивно време тоа беше едно, сега се различни институции. Во однос на немилиот настан во Велес, од СДС повторно користат трагични настани за политички поени, се наведува во соопштението на ВМРО - ДПМНЕ во врска со прес-конференција на Кристина Костова од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
18 септември 2025
-СДС нека направи дистинкција од МВР и ЈО, ако во нивно време тоа беше едно, сега се различни институции. Во однос на немилиот настан во Велес, од СДС повторно користат трагични настани за политички поени, се наведува во соопштението на ВМРО - ДПМНЕ во врска со прес-конференција на Кристина Костова од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Навистина е дегутантно да се говори за трагичен настан, во кој 3 лица го загубија животот за политички поени.
МВР постапило според своите законски обврски и должности и поднело кривична пријава кон лицето кое го извршило убиството. Прашањето зошто тоа лице не било во притвор, треба да го упатат кон луѓето кои СДС лично ги постави во обвинителството и судството.
Еднаш засекогаш СДС треба да научи да направи дистинкција помеѓу МВР и ЈО. Ако во нивно време тие беа едно и од иста партија, односно од СДС и ДУИ, сега тоа веќе не е така. Потребни се реформи во судството и тоа веднаш!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ