• недела, 22 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи петтиот пакет на мерки

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи петтиот пакет на мерки
Скопје, 15 април 2021  СДСМ го кочи 5-тиот пакет на мерки, со саати се чека да ја стават точката на дневен ред. „За да ја скратиме оваа работа драмолетка, немате кворум тоа е факт. Слабо ви е мнозинство и тоа е факт, не се сите пратеници тоа е факт. За да скратиме овие драмолетки. Ве молиме, констатирајте дека немате кворум за 32-рата седница, ставете ја седницата 36 да ги изгласаме законите. Џабе тропате, граѓаните ви тропаат, ги чекаат парите, дајте да ги гласаме. Ве молиме еден месец. Ајде закажете ја 36-тата седница“, кажа Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ е неодговорна кон државата и граѓаните. Фирмите страдаат заради нивното политиканство. Десетици илјади граѓани чекаат помош. Цела држава, сите граѓани, сите фирми се свртени кон собранието, а СДСМ прави театар и сака да собира политички поени. Граѓаните сега гледаат - СДСМ го кочи 5-тиот пакет на мерки и помошта кон граѓаните и фирмите. Ајде СДСМ ставете го 5-тиот пакет на мерки на гласање и да им помогнеме на граѓаните. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан