• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Светиклиментовиот универзитет оставен на забот на времето

ВМРО-ДПМНЕ: Светиклиментовиот универзитет оставен на забот на времето
Скопје, 12 јули 2021 

Плаошник е културно-историски профан и сакрален комплекс кој ја симболизира кохезијата и симбиозата на духот од цивилизациите континуирано пренесуван од  праисторијата до денес. Плаошник е космополитски простор и свето место во кое егзистирале пагански храмови, христијански цркви и исламски верски објекти, сите сплотени и згреани од гејзерите на ова свето тло. Овде, на ова тло, врз основа на вредностите од минатото, запишани во стратиграфијата на земјата и во страниците на книгите, во спомен на големиот охридски, македонски и сесловенски светител Св. Климент Охридски, возобновена е Светиклиментовата црква „Св. Пантелејмон“ и Светиклиментовата Охридска книжевна академија (Светиклиментовиот универзитет) непосредно до и над местото од конаците на Светиклиментовиот манастир, откриени, конзервирани и зачувани во времето на научно-истражувачките археолошки и архитектонски зафати  од 1989 – 2017 година.

Притоа, при возобновувањето на спомен-објектите кои го симболизираат оживувањето на Светиклиментовиот дух, според сите правила на заштитата на археолошко-архитектонските движни и недвижни вредности, зачувани се сите значајни објекти на теренот, конзервирани, реставрирани и соодветно презентирани надвор или во самите спомен-објекти кои не се архитектонски дозавршени, што значи не е дозавршено и соодветното презентирање на археолошките сведоштва.

Ако се почитуваат повеќемилениумските вредности од минатото и ако се почитува величенственото дело на светителот и просветителот Св. Климент Охридски, сигурно дека ќе се завршат и работите на возобновувањето на спомен-Светиклиментовиот универзитет, онака како што беше замислен и проектиран од Охрид и Македонија, а потврден од специјалистите на  ИКОМОС и УНЕСКО.

Ова е накратко така, но има и „поинаку“ во оваа наша македонска стварност. Еден поранешен министер, со краток рок, унапреден во владата со нејасна и измислена функција, со жолчно амбициозен занес, пред неколку години, од самиот Плаошник во Охрид, изјави (парафразирано): Ние, кога ќе дојдеме, ќе ја урнеме и отстраниме оваа срамота (мисли на објектите од Светиклиментовиот универзитет и конаците) и просторот повторно ќ его засадиме со борови, каков што си беше!

Дојдоа, ама не ги урнаа објектите, туку ги оставија на забот на времето и денес  на дивата вегетација која „ги заменува боровите“ кои некогаш го краселе просторот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки       

Остани поврзан