• среда, 03 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: За четири години пад од 15 места на листата на Херитиџ за економски слободи

ВМРО-ДПМНЕ: За четири години пад од 15 места на листата на Херитиџ за економски слободи
Скопје, 22 август 2021  Поради Заев за 4 години Македонија падна 15 места на листата на Херитиџ за економски слободи. Од 31 место во 2017 година, Македонија е сега рангирана на 46 место на листата за економски слободи во друштво со Руанда и Колумбија. Херитиџ нотира дека власта е во црвена зона во делот на интегритетот на владата и судскиот систем. Буквално власта има единица во овој дел. Пад во однос на минатите години имаме и на полето на слобода на работниците и слободната трговија. Буквално Херитиџ кажува дека сега е потешко да се води бизнис во Македонија за разлика од порано. Времето за отворање на фирма е многу подолго што е одлика на бирократизација на системот кој му служи само на Заев, а е нефункционален за се друго. Лошите оценки на Херитиџ се лош имиџ за Македонија и ќе го одвраќаат секој можен инвеститор. Секој сериозен инвеститор пред да се одлучи да ја запознае земјата одблиску гледа што за неа кажуваат мерењата на Херитиџ, Економист, Транспаренси Интернешенал. Време е ова да се смени. Време е Македонија да тргне напред. Време е за Македонија за сите луѓе. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан