• понеделник, 25 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Заев, Филипче и Хасани треба да си одат и да ја ослободат истрагата за несреќата во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Заев, Филипче и Хасани треба да си одат и да ја ослободат истрагата за несреќата во Тетово
Скопје, 14 септември  Кој се заканува на семејствата на жртвите од несреќата од Тетово? Зошто ОЈО молчи? Кој од власта има толкава моќ да се заканува по животот на луѓето чии членови на семејство изгубија живот во пожарот во Тетово? Кој се плаши да не излезе вистината на виделина? Во ситуација кога луѓе се заплашувани да не зборуваат станува јасно дека не може да имаме непристрасна и независна истрага. Директно одговорните како директорите на болницата, заменик министерот Илир Хасани и министерот Венко Филипче се луѓе кои по функција се вмешани во случајот, тие се по вертикала одговорни за болницата. Сите тие треба уште веднаш да заминат од своитр позиции. Само со Хасани и Филипче разрешени може да очекуваме непристрасна истрага. Не може Заев да чека истрагата да заврши па да одлучи по однос на оставките, Хасани и Филипче имаат реална институционална моќ да влијаат врз истрагата. Еве зошто Заев, Филипче и Хасани треба да си одат и да ја ослободат истрагата, заканите на семејствата на жртвите од Тетово притисок на власта Само доколку сите одговорни во случајот бидат разрешени ќе бидеме сигурни дека ќе има непристрасна истрага и тогаш евентуалните сведоци нема да бидат исплашени да ја кажат вистината. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан