• недела, 22 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да не развлекува и да ја прифати оставката на Филипче и Хасани

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да не развлекува и да ја прифати оставката на Филипче и Хасани
Соопштение до јавноста, реакција на искажаните ставови на Зоран Заев во 24 Анализа на Телевизија 24 Скопје, 24 септември 2021  Заев да не развлекува и да ја прифати оставката на Филипче и Хасани, изборите секако ќе ги загуби што и да направи. Вечерва видовме дека Заев нема ништо ново да понуди. Стравот од пораз е очигледен и Заев знае дека ќе изгуби. Кандидатите на СДСМ се стари и истрошени кадри кои дел биле веќе градоначалници, а дел смениле по неколку државни функции, само 5% се нови кандидати. Во ВМРО-ДПМНЕ е спротивно. 95% се нови кандидати. Заев не нуди ништо ново. Заев нуди враќање во проблеми и поделби. Во вечерашното интервју Заев покажа дека има недостаток на чувство за одговорност и ја гледа само својата лична комоција, Заев покажа дека не трпи различно мислење и го шиканира секој еден кој слепо не го следи. Тоа е матрицата на Заев, затоа се повеќе членови на СДСМ како Максим Димитриевски се отргаат од него. Заев цело интервју не кажа ништо ниту за криминалот на Шилегов, Весковски и останатите кандидати на СДСМ, кои видовме дека ја користеле функцијата за местење тендери. Со СДСМ нема ништо ново, само криминал, корупција и беспарица. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан