• петок, 05 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Десетици нови авио дестинации, Владата вложува во развој и можности за зголемување на животниот стандард на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Десетици нови авио дестинации, Владата вложува во развој и можности за зголемување на животниот стандард на граѓаните

Скопје, 5 мај 2025

Политиките во авиосообраќајот даваат резултати, за само неколку месеци десетици нови дестинации од двата домашни аеродроми и преговори за десетина нови авиолинии за подобар квалитет на животот на граѓаните.

На скопскиот аеродром слетаа првите авиони на ново воведените линии Барселона – Скопје и Лион – Скопје. Директни летови од Шпанија, Барселона 2 пати неделно и од Франција, Лион 3 пати неделно.

Политиката на субвенции што ја води Владата и Министерството за транспорт ги даваат првите резултати. Нови дестинации, за уште многу патници на скопскиот и охридскиот аеродром, нови можности, развој на бизниси, повеќе туристи.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови авиокомпании и нови авиолинии. Во фокусот е развој на авиосообраќајот и зголемување на конкуренцијата на домашните аеродроми.

За само неколку месеци владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да овозможи десетици дестинации од двата домашни аеродроми, се вложува во воздушниот сообраќај и се создаваат поконкурентни услови за патување и нови дестинации за граѓаните.

Исто така и се преговара за уште десетина нови авиолинии.

Скопје директно се поврза со Париз, со нова авионска линија Скопје-Париз (аеродром Орли).

Се воведе нова авио линија Охрид-Истанбул.

После 12 години повторно се врати линијата Скопје-Амстердам.

Нов чартер лет од Германија со кој најмалку 200 туристи секојдневно ќе ја посетуваат Македонија.

Две нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје и тоа:

Скопје -Женева, која ќе започне да оперира од 3 ноември 2025 и

Скопје-Париз (аеродром Орли).

Претходно се потпишаа и договори за воведување на линиите:

Охрид – Истанбул,

Охрид - Базел Мулхаус,

Скопје – Дубаи,

Скопје – Штутгарт.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Остани поврзан