• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Го осудуваме демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград

ВМРО-ДПМНЕ: Го осудуваме демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград

Скопје, 5 февруари 2023

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград.

Вандализмот не е добрососедство и не може да биде.

Негирањето на Македонија, но и на Македонците во соседството е пред се резултат на поданичкиот однос на власта, која го дозволи и мотивира тој однос.

Сега Ковачевски и Пендаровски на дело гледаат кај ја донесоа државата и македонскиот народ.

Народот не смее да биде жртва на власта, затоа и ВМРО-ДПМНЕ бара промени. Потребна е власт која ќе се грижи за народот.

 

Упатуваме апел и до Бугарија и до меѓународните институции во таа земја, што побрзо да се откријат вандалите, истите да се казнат и да се запре со говорот на омраза против Македонците.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан