ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја зацврстува меѓународната позиција на Македонија, заедничка изјава и рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија со САД
- Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека води успешна дипломатија, градејќи силни и одржливи билатерални односи со клучните меѓународни партнери. Македонија е на чекор до потпишување историски трговски договор со својот стратешки партнер и најмоќната економија во светот, САД, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 14 февруари 2026 (МИА) - Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека води успешна дипломатија, градејќи силни и одржливи билатерални односи со клучните меѓународни партнери. Македонија е на чекор до потпишување историски трговски договор со својот стратешки партнер и најмоќната економија во светот, САД, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Пред два дена, по затворањето на пост-мониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, Белата куќа објави заедничка изјава.
Со неа, САД и Македонија се согласија за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, кој ќе ги зајакне билатералните економски односи и ќе обезбеди проширен пристап на извозниците од двете држави до нивните пазари.
Овој договор ќе ги продлабочи трговските врски, ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси, ќе поттикне економски раст и дополнително ќе го зајакне трансатлантското партнерство.
Станува збор за јасен сигнал за продлабочување на стратешката соработка и силна потврда за поддршката што Македонија ја ужива од САД. Истовремено, се трасира патот кон сеопфатен договор со тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и 0%.
Ова претставува значајна дипломатска победа, потврда за цврстото стратешко партнерство и дополнително зацврстување на економските перспективи на државата.
Ваквата билатерална соработка со најсилната светска економија претставува силен сигнал за стабилност и доверба.
Со вакви чекори, Владата ја зацврстува меѓународната позиција на Македонија, отвора нови економски можности и и овозможува на земјата посилен, постабилен и просперитетен развој.
Фото: МИА архива