• петок, 22 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Владата стартуваше со ветерен парк,  доделување на инвертери, се работи и на гасификација

ВМРО-ДПМНЕ: Владата стартуваше со ветерен парк,  доделување на инвертери, се работи и на гасификација

Скопје, 11 ноември 2024

„Зелениот“ ДУИ и СДС останаа само на празни зборови за загадениот воздух, Владата на ВМРО-ДПМНЕ стартуваше со ветерен парк, доделување на инвертери, се работи и на гасификација.

Владата на СДС и ДУИ не направи ништо за аерозагадувањето.

И самиот Зоран Заев постојано викаше на цел глас аеро, аеро и ветуваше чист воздух.

Јани Макрадули од СДС кон крајот на 2017 година како заменик министер во ресорното министерство протестираше за почист воздух. Или Јани протестираше против Јани.

ДУИ кои се прокламираа како зелена партија немаат ниту З од зелена агенда.

А што имаше во време на СДС и ДУИ? Мерните станици честопати беа расипани и не функционираа.

СДС во изминатите 7 години трошеа милионски буџети, а за подобрување на квалитетот на воздухот не вложија ништо.

Проблемот со загадувањето е голем и потребно е сеопфатна стратегија која на долг рок ќе даде резултати.

ВМРО-ДПМНЕ има системски решенија за квалитетен воздух и намалување на урбаното загадување.

ВМРО-ДПМНЕ има план за екоиновации за одржлив развој каде преку зелениот фонд ќе се поддржува посебни програми за поддршка на стартап компании и иновации кои ќе работат на проекти за помало загадување и заштита на животната средина.

ВМРО-ДПМНЕ стартуваше со ветерен парк во источниот дел на Македонија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ додели ваучери за инвертер клими за нешто повеќе од 6 илјади граѓани.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на гасификација на целата држава.

Визијата на ВМРО-ДПМНЕ е еколошки, конкурентен и стабилен енергетски систем кој се темели на принципите на сигурност ефикасност и одржливост.

И ова е само старт! „Зелениот“ ДУИ и СДС иако отидоа и сами против себе како Јани Макрадули останаа само на празни зборови!

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан