• петок, 22 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Владата сака договорени проценти, единствен начин да се делегитимира процесот е да се прикаже манипулативноста на власта со попишување на сите државјани на РМ

ВМРО-ДПМНЕ: Владата сака договорени проценти, единствен начин да се делегитимира процесот е да се прикаже манипулативноста на власта со попишување на сите државјани на РМ
Скопје, 1 март 2021 Пописот во Македонија започнува на 1-ви април. До тогаш може да се поднесе закон за поништување на Законот за попис, но сепак СДСМ -ДУИ пак ќе го изгласаат по брза постапка и пописот во Република Македонија ќе започне. А, секојдневно вртоглаво растат бројките на заразени од вирусот КОВИД-19, а се уште нема вакцини ниту за граѓаните, ниту за попишувачите од СДСМ. И поради ваквата ситуација логично е да се бара одложување на пописот, но Владата за жал не ја интересираат жртви. Владата е насочена единствено кон договорени проценти. Повикот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се однесува на регистрирање на државјанства, тие не влагаат во резидентно население и нема потреба од нивно регистрирање при попис. Од тука неспособната и лажлива власт манипулира со населението и создава хаос во државата. Единствен начин да се делегитимира овој процес и да се прикаже манипулативноста на Владата е да се попишат сите државјани на Република Македонија, тогаш ќе има неколку милиони државјани, а за резидентно население ќе се  има договор. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан