• среда, 06 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ:Економските политики на СДСМ донесоа најголема невработеност и највисок јавен долг

ВМРО-ДПМНЕ:Економските политики на СДСМ донесоа најголема невработеност и највисок јавен долг
Скопје, 13 јуни 2021 Економските политики на СДСМ донесоа најголема невработеност и највисок јавен долг во историјата на Македонија. Со „успешните“ економски политики на СДСМ над 60.000 граѓани останаа без работа. Со „успешните“ економски политики на СДСМ околу 6.200 фирми се затворија, а над 500.000 граѓани денот го преживуваат со 2 евра. Помошта не стигна кај народот и фирмите. Владата на СДСМ вети 850 милиони евра помош, а реализираа не повеќе од 350 милиони евра. Се заврши како поткуп пред избори и без позначаен ефект при заживување на економијата. Наместо 500 евра плата која ја ветуваше СДСМ, денес граѓаните добија по 3.500 евра долг. А, само со новиот ребаланс владата ќе го задолжи секое семејство во Македонија со нови дополнителни 500 евра. Со ребалансот се предвидува и нова давачка, а тоа е поскапување на дизел горивата за скоро 4 денари, што ќе биде директен удар за сите граѓани, а особено за земјоделците и транспортерите, што ќе предизвика ценовен шок и нов бран поскапувања на сите производи. Народот ќе плаќа за да го покрие криминалот на власта. 54 милиони евра пари од граѓаните секоја година ќе се собираат со новиот данок на Заев на дизелот. За 4 години ја фрлија државата во должничка криза. 4 години со Заев, 4 години украден живот. Доста е! Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан