• петок, 05 декември 2025

ВЛЕН: Дигитализацијата на здравството е неопходност, овој предизвик може да се заврши само со Азир Алиу!

ВЛЕН: Дигитализацијата на здравството е неопходност, овој предизвик може да се заврши само со Азир Алиу!

Скопје, 25 мај 2025 (МИА) - ВЛЕН ја информира јавноста дека нашата кандидатура за министер за здравство е Азир Алиу, докажан професионалец и визионер во областа на технологијата и современата организација на здравствените услуги.

Азир Алиу доаѓа со современ и неопходен пристап за времето во кое живееме. Негов приоритет како министер ќе биде целосна дигитализација на здравствениот систем, гарантирајќи транспарентност, ефикасност и лесен пристап за сите граѓани. Сега е време за модерна, ефикасна и дигитализирана здравствена заштита, а со овој тим тоа ќе се постигне.

Нагласуваме дека Алијансата за Албанците останува дел од ВЛЕН, а нашата соработка е посилна, постабилна и појасна од кога било досега. ВЛЕН се движи обединето кон заеднички цели: достоинствено претставување, вистински реформи и опипливи промени за граѓаните.

Со оваа одлука, правиме конкретен чекор кон модерна здравствена заштита во служба на пациентот. 

ВЛЕН

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни

Фото МИА архива

Остани поврзан